ВМРО ДПМНЕ нема услови за 10 пратенички групи во Собранието. Од наредната недела во партијата на координација ќе решаваат за нивното постапување во законодавниот дом. Планот на опозициската партија во Собранието е да имаат само една пратеничка група, но сè уште не прецизирале, велат од ВМРО ДПМНЕ за 1ТВ.
Формирањето на една пратеничка група на опозицијата следи по заминувањето на народни избраници со парламентарното мнозинство и исклучувањата на осумтемина пратеници кои гласаа за уставните измени.
Во партијата, наредната недела ќе се знае и дали опозицијата ќе го промени ставот за уставните измени, а за прашањето ќе дискутираат на посебна координација. Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ тврди дека нивни пратеници немаат комуникации со власта за уставните амандмани.
Во консултациите за уставните амандмани учествуваат и актуелни пратеници од ВМРО ДПМНЕ, вели пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов. Тој очекува најскоро уставните амандмани да стасаат до собраниските филтри, со расправа да се најдат и во матичните комисии.
Консултации за уставните амандмани според Котадинов, се водат и со осумтемина пратеници кои ги поддржаа уставните измени по што беа исклучени од ВМРО ДПМНЕ. Тие го известија претседателот на собранието Џафери дека формираат нова пратеничка група која треба да ја предводи поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска. Новата пратеничка група најавува дека ќе делува опозициски. Осумтемина пратеници побараа формирање на собраниското тело за помирување, на кое треба да седнат шефовите на пратеничките групи, тројца народни избраници и Џафери.