Македонија 24. декември 2020. / 10:24

ВМРО-ДПМНЕ: Во Финска историја е задолжителен предмет, Владата е извор на лажни вести

ВМРО-ДПМНЕ: Во Финска историја е задолжителен предмет, Владата е извор на лажни вести

ВМРО-ДПМНЕ реагира откако од Македонско-Финското здружение ја демантираа министерката Мила Царовска дека реформите се по фински модел.

Од партијата потенцираат дека сепак не била Финска, туку уште една лажна вест за наводни реформи на Заев.

Владата е извор на лажни вести, бидејќи директно од Финска ја демантираат дека министерството за образование во Македонија прави образовни реформи како во Финска, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста.

– Во Финска, велат, историја е задолжителен предмет за сите ученици во основно и во средно училиште.

Во основата на новата наставна програма во Финска значењето на историјата и историските вештини се уште повеќе засилени и зацврстени. Владата веднаш да се повлече од укинувањето историја и најавените експерименти во образованието. Се виде дека не се работи тука за стандарди, туку за лаги на Заев и министерката која шири зараза од лажни вести Мила Царовска, потенцираат од партијата.

Оттаму додаваат дека после сето ова Владата и Заев да се извинат на сите граѓани што ги доведоа во заблуда, владата освен на корупција е главен извор на лажни вести, а заразата е неизлечива.