Македонија 05. ноември 2020. / 10:56

ВМРО-ДПМНЕ во 18 часот пред Владата ќе побара оставка од Филипче

ВМРО-ДПМНЕ во 18 часот пред Владата ќе побара оставка од Филипче

Секојдневната бројка на новозаразени и починати од КОВИД-19 алармира дека министерот за геноцид Филипче не е способен да ги заштити граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

12.002 активни случаи од КОВИД – 19 ја потврдуваат негрижата на Филипче за граѓаните. 1.071 починат не е само бројка, се работи за човечки живот, оставка од Филипче веднаш, велат од партијата.

Оттаму информираат дека денеска во 18 часот пред Владата на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи настан на кој ќе побара веднаш оставка од Венко Филипче. Велат дека е време е граѓаните да се заштитат од штетните политики на Венко Филипче.

По перформансот изјава за медиуми ќе даде Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните на Република Македонија не го заслужуваат ова. Тие заслужуваат подобар и поквалитетен живот, смета ВМРО-ДПМНЕ: