ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение до медиумите ја обвинува Власта дека во ек на пандемија прави криминал и сака да профитира од превозот на нашите сограѓани од странство до Македонија.
Од партијата велат дека за разлика од луѓето од другите држави кои се гржат за сопствените државјани, нашите граѓани кои доаѓаат од странство сами си го плаќат превозот.
-Владата не покрива ништо!, наведуваат од партијата и додаваат дека власта ги остава луѓето по цел ден во автобуси, без храна, вода и можност да излезат.
Оттаму додаваат дека одговорност мора да има и дека здравјето и безбедноста на граѓаните немаат цена.