Македонија 21. октомври 2020. / 09:03

ВМРО-ДПМНЕ: Власта го фрли целото здравство во хаос

ВМРО-ДПМНЕ: Власта го фрли целото здравство во хаос

Над 6.000 заболени за три недели. Стратегијата на Комисијата за заштита од заразни болести и власта резултира со дебакл, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Власта која менаџира со здравството имаше цело лето да се подготви за есенскиот бран на КОВИД, но со месеци ништо не е направено. СДСМ не инвестираше во нови болнички капацитети, медицинскиот персонал не доби дополнителна награда за својот труд и посветеност, односот на менаџментот на болниците со вработените е лош. Власта го фрли целото здравство во хаос, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

И сега, велат, кога немаме ден, а бројот на заболени да не е неколку стотина, власта не знае што да прави.

СДСМ политизираше се. Власта ја политизираше и Комисијата за заштита од заразни болести, одлуките се политички, а не стручни. Комисијата за заразни болести, од сам почеток ја води погрешно работата, без план и стратегија, само да се задоволат апетитите на власта. Тоа предизвика Македонија да нема втор есенски бран, туку континуиран бран со пикови, кои се секој ден се поголеми, се наведува во партиското соопштение

Одговорност за, како што велат, аматеризмот кој ја донесе државата до хаосот предизвикан од КОВИД на здравствено и економско поле мора да има.