Македонија 26. јануари 2021. / 10:19

ВМРО-ДПМНЕ: Власта е решена да спроведе попис без општествен консензус

ВМРО-ДПМНЕ: Власта е решена да спроведе попис без општествен консензус

Наместо реална статистичка слика, очигледно власта е решена да спроведе попис без јасна методологија и без општествен консензус, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако вчера претседателот го потпиша Указот за прогласување на законот за попис на населението.

„Целта е јасна, Заев прави политички дил за кој веќе почнаа да се шпекулираат бројот на население, проценти и резултати, на кој само треба да се стават врзаните потписи на директорот и заменикот директорот на Заводот за статистика. Тоа е класична политичка операција. Дека ова е политика, а не статистика говори и фактот што целата операција се прави во време на епидемија, кога голем број земји од регионот и Европа ги одлагаат своите пописи за да ги заштитат пред се своите граѓани, но и да добијат прецизна слика. Власта во Македонија напротив, брза, со цел да го скрие својот политички договор“, стои во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.