Македонија 10. август 2018. / 09:36

ВМРО ДПМНЕ: Власта е одговорна за негативниот извештај од ГРЕКО

ВМРО ДПМНЕ: Власта е одговорна за негативниот извештај од ГРЕКО

Опозициската ВМРО ДПМНЕ ја обвини власта дека нејзината политика придонела за негативен извештај од ГРЕКО за корупцијата.

-Македонија никогаш во својата историја откако е член на групата на држави во борба против корупцијата при Советот на Европа не добила негативен извештај од ГРЕКО. Очигледно е дека Зоран Заев и СДСМ стојат зад криминалот и корупцијата во државата. Причината за тоа е јасна, владата на СДСМ е дувло на корупцијата во државата, а партиските и државните функционери на СДСМ поим за корумпирани политичари, се вели во соопштението.

-Извештајот на ГРЕКО уште еднаш и потврди на целата македонска јавноста дека распродавањето на националните и државните интереси нема да приближи Македонија поблиску до ЕУ и НАТО. Патот на Македонија кон ЕУ и НАТО е блокиран не од македонското име, јазик и идентитет туку од корупциските скандали на функционерите на власта кои на изглед немаат крај, се истакнува во партиското соопштение.