За три години СДСМ не вложи денар ниту во образованието и културата. Во Македонија културата стана предмет на политичка трговија, програми и пари кои се делат, не по квалитет туку по бизнис и политички мотиви, велат од ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштние испратено до медиумите.
Оттаму вела дека по 12-ти април потребно е воспоставување на концепт на обнова која ќе донесе коренити реформи, квалитет и мотивација во образованието и културата.
-Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе овозможи најмалку еден Универзитет да биде во првите 1.000 според Шангајската листа за квалитет. Денес нема Универзитет од Македонија кој е меѓу 1.000 најдобри во светот. Македонија не постои на мапата за квалитет во високото образование, стои во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го овозможи, велат од партијата, со најмалку еден универзитет кој според својот квалитет ќе се рангира на Шангајската листа. Македонија да стане извозник на наука, извозник на знаење.
По 12-ти април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира својата влада ќе донесе обнова на државата врз основа на реални мерки.