Уставните судии да ги вратат парите од покачувањата кои не им припаѓаат. , реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по информацијата дека Уставните судии на 22 октомври сами си изгласале додатоци во висина до 35 отсто од месечната плата за да бидат исти како судиите и обвинителите, а додатоците си ги вметнале во Деловникот за работа на Уставниот суд, место парламентот да им ги изгласа со закон.
Додека во земјава народот се бори за живот, велат од партијата, тие немаат право да си ги покачат парите. Луѓе умираат и губат животи на постела барајќи донации, додаваат, а уставните судии спротивно на закон си изгласале покачување на платите за себе
Од партијата посочуваат дека на земјава со водство на Заев не и треба втора пљачка со хонорари како што беше СЈО.
–Дополнително Уставните судии треба да ги почитуваат Уставот и законите, а не да ги кршат. Гласањето на додаток на плата е незаконски. Секое покачување на плата или измени во тој дел треба да помине во Собрание, се друго е кршење на законите. Дали со ваквите додатоци на плата треба да и се угоди на Кацарска која СДСМ сака да ја избере за Уставен судија, па покрај загарантираниот мандат од 9 години, таа треба да добие и повисока плата?! Бараме веднаш да се укине ваквата одлука, и Министерството за финансии да не постапува по истата при исплата на платите, стои во соопштението на партијата.