Оливер Спасовски повика на избори на 5 јули во деновите кога се достигнува пикот на заразата со над 50тина заразени. Тоа значи дека Спасовски и Заев се директно одговорни за секој заразен и починат човек поради заразата со Ковид, затоа што тие нешто заштита на здравјето, паметот им е во фотелјите. Поголема зараза од Ковид, е заразата на лудилото наречено Заев-Спасовски кој ја втурнува државата во изборна кланица. Заев и Спасовски стануваат џелатите на сопствениот народ и губат контрола над работите. Во оваа држава приоритет број еден мора да биде здравјето на граѓаните, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Лошите резултати со кои се соочуваме денес, се последица на лошото менаџирање во текот на изминативе 3 месеци, Комисијата за заразни болести која работи под диктат на Заев и наместо да работат самостојно беа само извршител на диктатите и политички желби на Зоран Заев. Со СДСМ државата оди кон здравствена катастрофа. Потребна е итна стратегија за излез од хаосот во кој не втурна СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, криминал и сиромаштија, велат од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.