Македонија 16. февруари 2020. / 10:23

ВМРО-ДПМНЕ: Со уцени и поткуп Заев дојде на власт, така и завршува

ВМРО-ДПМНЕ: Со уцени и поткуп Заев дојде на власт, така и завршува

Република Македонија и законодавниот дом не смеат никогаш повеќе да бидат заложници на криминалот, изнудите и тргувањето со националните интереси. Како што шверцерски, преку непринцишиелни пазарења, состави мнозинство за да дојде на власт и за да ја заобиколи волјата на граѓаните, така и на крајот од неговото владеење, Заев со уцени, закани и поткуп се обидува да обезбеди поддршка на сопствената амнестија, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

– Зоран Заев по насилен, неуставен и шверцерски пат преку своите слуги сака да донесе Законот за јавно обвинителство се со цел тој да се спаси од одговорност за сите криминални афери и скандали. Заев ги злоупотребува институциите и во законот за јавно обвинителство гледа последна шанса за спас кога ќе падне од власт. Законот е штетен и селективен, спротивен на Уставот, а тоа го потврдија и универзитетски професори, докажани во својата професија, стои во соопштението.

Интерес на сите граѓани во Република Македонија е владеење на правото, развиена и стабилна економија, а не насилство, уцени, и агресија од страна на криминално рекетарската власт на СДСМ и Заев. 12 април е денот кога ќе се стави крај на политичката криза, нестабилноста и несигурноста која што ја создава СДСМ и крај на политичката кариера на Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.