Македонија 01. јули 2019. / 09:43

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ на власт економијата тоне, а голем број на граѓани едвај врзуваат крај со крај

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ на власт економијата тоне, а голем број на граѓани едвај врзуваат крај со крај

Откако СДСМ и Заев се на власт, економијата тоне. Голем број на граѓани едвај врзуваат крај со крај, реагираат од најголемата опозициска партија

Се намалува бројот на работници во индустријата. Имено во месец мај 2019 бројот на работници во индустријата е за 2.5% помал од бројот на работници во индустријата за истиот месец во 2018 година. Поради лошите политики на Анѓушев државата се соочува со катастрофални бројки во доменот на капиталните инвестиции. На заслуга на Анѓушев нивото на капиталните инвестиции заклучно со мај 2019 изнесува катастрофални 13,74%,Планот на Заев и Анѓушев се сведува на целосно окупирање на министерството за финансии и реализација на концептот на зголемување на задолжувањето на државата. Ова само покажува дека ниту Заев, ниту Анѓушев немаат визија и знаење со кои ќе придонесат државата да се развива и граѓаните да живеат убаво, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Време е, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ, оваа криминална власт да си замине што поскоро.

Време е Заев да си поднесе оставка и да остане во историјата како најлош премиер на Република Македонија досег