„СДСМ е единствена партија во Европа која што е водена од криминалец три пати аболиран за најтешки дела. СДСМ е партија која функционира само со Луј Витон куфери, рекет и трас-трас судство. Соработници на Заев шверцуват цигари, малтретираат граѓани, местат тендери и тонат во криминал по урнек на нивниот аболиран водач. Сите што сториле криминал треба да одговараат, вклучувајќи го и Зоран Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата го осудува и бара најстрога санкција за секој кој злоупотребува позиција и зема поткуп.
„Бараме институциите на системот најбрзо да постапат согласно закон.За ВМРО-ДПМНЕ нема дилеми. Никој службеник не смее да зема пари, по примерот на Зоран Заев, за тоа што согласно закон е должен да го направи.Секој кој земал поткуп мора да одговара. Примерот на неказнивост кој го поддржа СДСМ со Зоран Заев и неговата аболиција, не смее да стане пракса.За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не поддржува криминал“, се додава во соопштението.