Ескалира здравствената и економската криза во Република Македонија. Неспособноста на Зоран Заев и неговите соработници ја зема својата цена. Секојдневно се зголемува бројот на починати и заболени, а масовно тестирање нема. Расне бројот на инфицирани доктори, а заштитна опрема нема, велатод ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
СДСМ не враќа 30 години назад, како што велат, во мрачните времиња на криминалната транзиција.
Оттаму додаваат декасликите кои граѓаните ги паметат, слики на илјадници граѓани оставени без извор на егзистенција повторно се реалност во нашата држава. Бавната и несериозна реакција на власта кога станува збор за помош на македонското стопанство и спас на работните места на граѓаните ќе значи колапс за економијата и висока стапка на невработеност.
Историјата со СДСМ на власт ни се повторува. наместо помош за обичниот граѓанин на прво место се олигарсите и нивните милиони. наместо парче леб за народот Владата на СДСМ е фокусирана на тоа како да земе од граѓаните. Најавата за покачување на акцизата за горивата директно ќе удри по џебот на народот, буџетската дупка на Заев и на Ангеловска ќе се полни сo и она малку што му остана на народот, се наведува во соопштението на партијата.
Отаму апелираат дека се потребни брзи и одлучни чекори за спас на економијата затоа што, како што велат секој час таа е се поблиску до колапс, а граѓаните се се поблиску да останат без извор на егзистенција.