За ВМРО-ДПМНЕ иновативноста, вложувањето во образованието и културата се сегменти кои што треба да се мотор на прогресивноста во државата, велат од партијата во утринското соопштение.
Додаваат дека се обврзуваат на обнова на нови 20 и реконструкција на најмалку 50 училишта во Република Македонија, со што ќе се овозможат пристојни услови за работа, односно следење на настава во подобри услови.
-Идната владата на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува исто така да донесе поголеми плати за универзитетскиот наставен кадар, односно ќе се воспостави методологија која ќе обезбеди зголемување на примањата. Ќе се обезбеди до 100.000 денари за редовните универзитетски професори, до 80.000 денари за вонредните професори, до 60.000 денари за доцентите и до 45 илјади плата за асисистентите на факултетите. Ова значи 2.5 пати повеќе од тоа што денеска го обезбедува државата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека се обврзува и на покачување на платите на наставниците во основните и средните училишта, а тоа значи почитување на Колективниот договор. Подобрување на животниот стандард и задоволни граѓани кои својата иднина ќе ја градат во сопствената држава.