Македонија 22. април 2020. / 09:24

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ задоцни со економските мерки

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ задоцни со економските мерки

СДСМ задоцни со економските мерки. Стопанството и фирмите се во минус. Мерките кои ги предложи оваа криминална влада  се неприменливи и не значат помош за стопанството, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Поради, како што велат, неспособноста на власта на СДСМ да се справи со економската криза, никој не аплицира за таканаречените антикризни мерки на владата на СДСМ затоа што мерките се неповолни и не нудат реална помош.

„За доброто на граѓаните и Република Македонија, СДСМ треба веднаш да ги прифати економските мерки кои што ги предложи ВМРО-ДПМНЕ. Само така може да им се помогне и на фирмите и на работниците“, се наведува во соопштението.