СДСМ за две години го зголеми бројот на граѓани кои живеат под прагот на ситомаштија за 100 000.
Тоа значи дека Зорав Заев , Мила Царовска и криминалниот картел околу нив дневно по 140 граѓани доведувале до питачки стап.
СДСМ денеска отворено ја призна оваа катастрофа со која што се сочуваат полoвина милион жители на Македонија.
Арамиите од СДСМ без срам сакаат да им брцнат во џебот и на овие социјално најранливи категории.
По налог на Зоран Заев и Мила Царовска им се крати помошта која што ја добиваат од државата.
Со новиот Закон за социјална заштита, министерката Царовска ќе го намали на 50% додатокот за покривање на дел од трошоците за потрошувачки енергенси во домаќинствата.
СДСМ го укина и користењето на надоместокот на услугата помош и нега во домот, доколку истовремено се користи услугата лична асистенција.
Оваа ненародна власт ги укина стекнатите права на граѓаните кои беа гарантирани со мерките за трето и четврто дете.
Во предизборието ветуваа социјална помош од 12.000 денари, но излажаа, како и за се друго.
Сето ова покажува дека СДСМ води целосна негрижа во доменот на социјална заштита. Доаѓа денот кога граѓаните ќе стават крај на овие погубни политики на СДСМ.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ