Република Македонија е на дното во регионот по број на тестирани луѓе од коронавирус. СДСМ оди со тактиката помалку тестирани, помалку заразени. Вештачки се создава перцепција дека се е во ред, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Од друга страна реалноста е сосема поинаква, како што велат Македонија има повеќе починати од коронавирус од Грција, Бугарија и Албанија заедно.
„Високата смртност е само поради неспособноста на власта да ја менаџира кризата.
Лошиот менаџмент со кризата се гледа и во лошата економска слика. Буџетот за првите три месеци има дупка од 120 милиони евра, секое семејство е задолжено за нови 15.000 денари.“, се наведува во соопштението на партијата.
Оттаму додаваат дека државата само за санирање на дупките од неспособноста на власта ќе потроши 1.3 милијарди евра, пари за кои ќе треба да не задолжат и да ги враќаат некои идни генерации.
СДСМ ја урниса Македонија и ќе биде казнет од граѓаните, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.