Наместо нов Клинички центар за две години од сега, како што беше предвидено од ВМРО—ДПМНЕ, СДСМ ја поништи постапката за веќе готов проект само за да распише оглас за 4 пати поскап проект, чијшто почеток е дискутабилен, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
-СДСМ наместо 120 милиони евра, ќе потроши 480 милиони евра за ист проект. Каде ќе заминат над 360 милиони евра народни пари? Граѓаните ќе ја имаа истата услуга за 4 пати помала цена- прашува опозицијата.
ВМРО-ДПМНЕ во соопштението додава дека СДСМ создале хаос во здравството, а антиваксерската кампања која ја терале, сега ги чини граѓаните животи.
Од ВМРО-ДПМНЕ и утрово бараат итно спроведување на предвремени парламентарни избори.