СДСМ веќе неколку дена излегува со информација дека има парламентарно мнозинство и дека ќе прави влада, а потоа самите се демантираат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ е пишманска партија или сега имаме т.н. пишманска СДСМ.
СДСМ треба да излезе и јавно да каже дали има мнозинство во Собранието и дали ќе прави влада, се наведува во партиската реакција.
Оттаму додаваат дека доколку не го направи тоа, значи дека тие ова што го прават е манипулирање со граѓаните.
СДСМ ако сака да прави влада треба да се однесува транспарентно, смета ВМРО-ДПМНЕ.