Без никаков срам СДСМ и понатаму продолжува да се фалат за вакцината против КОВИД-19 кога сеуште не се знае кога граѓаните ќе можат да ги добијат вакцинити и колкaва ќе биде бројката, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Во сите држави во регионот веќе стигна и втора тура на дози од вакцините против корона, во Македонија, Заев и Филипче не успеаја да набават ни прва, а не пак да почне вакцинација. Од СДСМ лажат дека се обезбедени 800 илјади дози вакцини за 2021 година, па нели Филипче рече пред некој ден дека се обезбедени милиони и двесте илјади вакцини или за милион и двесте илјади граѓани. Или нивниот Филипче кажа дека ќе има вакцини кои ќе се набават по три механизми и дека очекува 833 илјади дози од КОВАКС, потоа 800 илјади директно од Фајзер, и 800 илјади од канцеларијата на Европската делегација. Ама не знае го знае терминот. И се додека не го знае терминoт за старт на вакцинација се е џабе или лага“, се додава во партиското соопштение.
Оттаму сметаат дека Филипче, а и Заев само се вплеткуваат во своите лаги денес па утре, па во февруари ќе има вакцина, а има починати повеќе од две илјади и шестотини граѓани од корона.
„Граѓаните не заслужуваат вакво здравство. За ова следи одговорност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.