Македонија 17. ноември 2019. / 09:57

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го крахираше безбедносниот систем на Република Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го крахираше безбедносниот систем на Република Македонија

Преку непочитување на принципите за постапување со класифицирани информации, СДСМ го крахирала безбедносниот систем на Република Македонија и со тоа ги загрозува НАТО аспирациите, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што потенцираат од партијата, тоа се покажува и со пронајдените документи од  судските процеси „Монструм“ и „Диво насеље“ во домот на Фросина Ременски.

Соработникот на Зоран Заев, Јовче Ременски, висок функционер во УБК, а сега АНБ, изнесувал класифицирани информации, списи и докази и ги чувал како архива во сопствениот дом, спротивно на сите закони и процедури.

Пронајдените документи со имињата на сите инволвирани полициски службеници, сведоци, докази и соработници во случаите Монструм и Диво Насеље во домот на Јовче Ременски, отвораат сомнеж за неговите намери.

Дали соработникот на Заев, Јовче Ременски, со тие информации имал намера да уценува, да се заканува или да заштитува некое од тие лица? Дали Јовче Ременски е вмешан и во бришењето и исчезнувањето на двата телефони на неговата сопруга, осомничена во случајот Рекет?

Агенцијата за Национална Безбедност е под целосен сомнеж дека е под контрола на СДСМ и соработниците на Заев, како што е Јовче Ременски. Од таму нема ниту отворена постапка за истрага на случајот, ниту суспендирање на Ременски. Сите од власта молчат за овој скандал – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Спооред опозициската партија, овој случај уште еднаш покажува дека МВР и Оливер Спасовски не можат да гарантираат за безбедноста на материјалите, а не пак да гарантираат за безбедноста на целата држава. Уште колку функционери ма СДСМ си имаат дома архиви од класифицирани материјали, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.