Македонија 07. август 2020. / 18:46

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже кои се партиите од новото мнозинство

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже кои се партиите од новото мнозинство

Наместо досадни и стерилни соопштенија за себехрабрење бидејќи СДСМ трет ден тврди дека има мнозинство јавно ги повикуваме да кажат кои се партиите од ново мнозинство, која е цената за таквата коалиција, кој ќе биде премиер, во спротивно ќе се докаже дека лаже и манипулира, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Што се однесува до иднината за која пишуваат, како што велат, ако од СДСМ зависи иднината тешко на државата и граѓаните.

Oттаму јавно прашуваат што ги спречувало СДСМ да ја донесат европската иднина ако од нив зависела.