Македонија 11. август 2020. / 09:51

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже дали има мнозинство во Собранието, во спротивно манипулираат со граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже дали има мнозинство во Собранието, во спротивно манипулираат со граѓаните

Од ВМРО-ДПМНЕ повторно бараат од СДСМ да каже дали има мнозинство во Собранието. Во спротивно, велат од партијата, СДСМ манипулира со граѓаните.

Коалициите на СДСМ траат само неколку часа се додека тие самите не се демантираат. СДСМ реформи во својот мандат не донесе. СДСМ донесе сиромаштија, економска криза и хибриден режим. Време е СДСМ да излезе пред македонската јавност и да каже дали има мнозинство во Собранието и дали ќе прави Влада. Доколку не го направи тоа, значи дека тие ова што го прават е манипулирање со граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.