Македонија 10. февруари 2021. / 19:02

ВМРО-ДПМНЕ: САД ја критикуваат земјава за корупција, а власта праќа криминалец за амбасадор

ВМРО-ДПМНЕ: САД ја критикуваат земјава за корупција, а власта праќа криминалец за амбасадор

Да поставиш соработник на Милошевиќ и шверцер на нафта за амбасадор во САД, значи, прво, дека не ја почитуваш сопствената земја, а потоа ниту САД, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако беше објавено дека поранешниот министер за внатрешни и за надворешни работи, Љубомир Фрчкоски, е новиот избор за амбасадор во Вашингтон.

„Фрчкоски е човек што не се врзува со проекти, туку со скандали. Додека тој беше на министерски функции, се случија приватизацијата, промената на знамето, убиства и грабежи. Киро Глигоров лично кажал дека Фрчкоски му нудел скап часовник и други скапи подароци за да го промени името, што било одбиено од него. Фрчкоски е човекот што беше на чело на полицијата кога подоцна се случи атентатот врз претседателот Киро Глигоров и не го расчисти“, се наведува во соопштението на опозициската партија, од каде што додаваат и дека Фрчкоски е мизогинист, кој, како што велат, не го крие тоа.