Македонија 19. јуни 2020. / 10:35

ВМРО-ДПМНЕ: Русковска го штити аболицираниот Заев, а заради неговата алчност страдаат граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Русковска го штити аболицираниот Заев, а заради неговата алчност страдаат граѓаните

Вчера се потврди дека Заев бил главен во „Рекет“. Поради неговата алчност за лично, криминално богатење, пандемијата избега од контрола, а Македонија трпи човечки загуби. Вистината дека Зоран Заев е главата на криминално рекетарскиот октопод излезе на виделина. Осудениот за „Рекет“  Бојан Јовановски вчера пред целата јавност потврди дека парите треба да се бараат кај Зоран и Вице Заеви, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека конечно се докажа дека Катица Јанева и Боки 13 биле само извршители, а парите завршувале кај Заеви. Токму затоа и Заев нема доказ дека го пријавил случајот „Рекет“ пред тој да излезе во медиумите.

Исказот на Бојан Јовановски и работите кои јавноста претходно ги дозна од медиумите се доволна причина Заев да биде повикан во обвинителството и да се отвори истрага против него. Наместо тоа Русковска прво му даде време да прикрива докази, а потоа и да помине неказнет.

Додека Русковска упорно го штити аболицираниот Заев, заради неговата алчност страдаат граѓаните на Република Македонија, додаваат од партијата.

Заев фокусиран да си ги спаси, како што велат, рекетираните пари, матните бизниси и политичката кариера,  преку Филипче и Комисијата ја заразни болести ја продлабочи кризата со коронавирусот.

Заев и Филипче ја зацрнија Македонија и ја направија балканскиот Вухан. Додека Заев и Филипче лажат дека ситуацијата е под контрола и се е во ред, секојдневно броиме над 150 заразени и по неколку починати лица.

За  нив во ред е вчера да имаме 182 заразени и 6 починати или само во јуни да има 2450 заразени и над 80 починати од коронавирусот.

Новата нормалност која Заев и Филипче ја форсираат во јавноста се вика 4.664 заразени и 216 починати лица од почетокот на пандемијата, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата појаснуваат дека системот на Зоран Заев се распаѓа од ден во ден се повеќе.

Поради неговата неспособност, илјадници граѓани ги загубија работните места, а стотици илјади гладуваат.

Лажеа дека  блескаме, а сега ги молат граѓаните да донираат пари додека врхушката на СДСМ блиска до Заев ужива во рекетираните милиони.

На 15 јули завршува бедата која ја донесоа Заев и СДСМ. Доаѓа времето кога ќе се поразиме короната и ќе го поразиме вториот вирус, Заев и СДСМ. Или обнова, или измами.

Македонија не заборава, и Македонија ќе победи!

Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата, се вели во партиското соопштение.