Македонија 13. септември 2020. / 12:09

ВМРО-ДПМНЕ: Раководни структури на Интегра преминуваат во наши редови

ВМРО-ДПМНЕ: Раководни структури на Интегра преминуваат во наши редови

Досегашни раководни структури на партијата Интегра преминуваат во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, информираат од најголемата опозициска партија во соопштение до јавноста.

Од таму најавија дека лидерот Христијан Мицкоски ќе се сретне со претставници на Интегра во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, по што се најавени изјави за медиумите.

Состанокот велат, е во насока на најавеното окрупнување на опозицијата.