Македонија 07. јули 2018. / 19:35

ВМРО-ДПМНЕ: Прво закон за финансирање на партиите и закон за Влада, па ДИК

ВМРО-ДПМНЕ: Прво закон за финансирање на партиите и закон за Влада, па ДИК

Согласно договорот од март, пред формирање на Државната изборна комисија прво треба да се донесат два други закони, а тоа се законот за финансирање на политичките партии и законот за влада, вели Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ за причините за доцнењето за избор на нов состав на ДИК.

„Формирањето на ДИК не може да се гледа издвоено од пакетот договорен од март, кога власта и опозицијата договорија да се изгласат реформските закони кои ВМРО-ДПМНЕ ги изработи, се врати во Собранието и тие беа изгласани. Следуваа двата други закони, за финансирање и за влада, за регулирање за формирање техничка влада. Тоа не се случува, а дури потоа на ред е ДИК. Законот за ДИК истече, важеше до 29 јуни, а истече заради СДСМ. Потребно е ново законско решение, ВМРО-ДПМНЕ не го кочи изборот на новиот состав на Државната изборна комисија, бидејќи  роковите се истечени“, вели  Стоилковски.

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пред неколку денови изјави дека роковите за избор се поминати и потребно е друго законско решение и ново изгласување, за да може да се формира ДИК.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски е претседател на собраниската Комисија за избори и именувања и се очекува наредната недела да закаже седница.