Македонија 22. септември 2020. / 08:03

ВМРО-ДПМНЕ: Промените во партијата ќе донесат до победа над мафијата

ВМРО-ДПМНЕ: Промените во партијата ќе донесат до победа над мафијата

Новите одлуки на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ единствено не им се допаѓаат на Заев и хотелската коалиција која одработува за него, соопштуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Не ни очекуваме да ги поздрават одлуките, затоа што тие се насочени кон победа над мафијата и организираниот криминал на власта.За разлика од Заев кој не најде сила за никакви промени по драматичниот пораз од 200 илјади гласови разлика во 2014 година и поразот во 2016 година, ВМРО-ДПМНЕ покажа сила за катарза и промени, велат од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.