Македонија 21. август 2020. / 20:30

ВМРО – ДПМНЕ: Предлогот за избор на Претседател на Собранието е плод на хибридната коалиција

ВМРО – ДПМНЕ: Предлогот за избор на Претседател на Собранието е плод на хибридната коалиција
Преку соопштение ВМРО ДПМНЕ објави факти на денот:
Факти на денот:

1. Семејството Бочварски од Штип ги шири тендер зделките во Министерството за транспорт и врски.

2. Блокирани над 100.000 сметки, 40.000 пензионери оставени сами на себе, Зоран Заев и Нина Ангеловска знаеле и ништо не превземале за пропастот на Еуростандард банката.

3. Предлогот за избор на Претседател на Собранието е плод на хибридната коалиција со стари кадри и без кредибилитет, мнозинството кое што се потпиша на оваа кандидатура денес го губи образот.

4. Плод на измамничката коалиција СДСМ-ДУИ се тендерите, криминалот и продолжување на бизнис зделките на семејството Заеви, стои во соопштението на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.