Македонија 08. октомври 2020. / 10:41

ВМРО-ДПМНЕ: Поради неспособноста на Заев и Филипче имаме над 300 заразени од корона вирус

ВМРО-ДПМНЕ: Поради неспособноста на Заев и Филипче имаме над 300 заразени од корона вирус

Црвениот аларм одамна е прегорен. Заради неспособноста на Заев и Филипче само во текот на вчерашниот ден имавме 317 новозаболени од корона вирус. Македонија тоне, а народот е во страв, затоа што власта на време не си ја заврши работата и не го организира општествтото, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Филипче кога вели дека одиме кон есенски бран, треба да знае дека Македонија не излегла од пролетниот бран. Коронавирусот во Македонија е континуирано присутен на кризата до денес. И тоа е единствено вина на Заев и Филипче, кои несериозно го сфатија вирусот. Дополнително загрижува фактот што се ближиме кон сезоната на грип, билниците по обичај ќе бидат преполни, а нема ниту вакцини против грип. Поради неспособноста на Заев и Филипче ќе имаме општ хаос во болниците низ државата.Ако сега имаме над 300 заболени на ден, колку треба да очекуваме за месец или месец и половина од сега?! Што треба да се случи за Заев и Филипче да сфатат дека коронавирусот е сериозна опасност и дека тој не се лекува со прес конференции и евтин ПР?! Тоа можеби носи поен плус на нивното политичко конто, но никако не носи сигурност за граѓаните, велат од партијата. 

СДСМ мора да сфати дека за справување на пандемија од светски размери е потребна сериозна стратегија и широка општествена вклученост на сите релевантни чинители.Заради игнорантскиот однос на власта, граѓаните само тонат и живеат во страв, велат од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.