Македонија 06. декември 2020. / 10:00

ВМРО-ДПМНЕ: Поради неспособните Филипче и Заев, државата меѓу последните ќе набавува вакцини

ВМРО-ДПМНЕ: Поради неспособните Филипче и Заев, државата меѓу последните ќе набавува вакцини

Додека сите земји се борат за итна и неодложна набавка на анти корона вакцини, неспособниот Филипче најави дека таквите вакцини би можело да пристигнат дури во март наредната година. Тоа значи изгубено време, а тоа ќе доведе до поголем број загубени животи, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Во соседна Србија првите вакцини пристигнуваат. Во соседна Бугарија до Нова Година ќе има вакцини. Во соседна Грција и во Франција вакцинирањето започнува во јануари, додека во Велика Британија веќе тој процес отпочна исто како и во Русија, додаваат од партијата.

Оттаму велат дека Филипче пак последен ќе ја набави вакцината која значи спасување на живот, што значи дека бројката на заразени и починати ќе расте.

Власта целосно потфрли во справување со корона кризата, 1901 граѓанин ги изгубија своите животи како резултат на неспособноста на Заев и Филипче. Неспособноста, неодговорноста и негрижата на Зоран Заев и Венко Филипче ја носи државата во амбис. Заев и Филипче го урнисаа македонското здравство и ја разнишаа довербата на граѓаните во здравствените установи, смета ВМРО-ДПМНЕ.