Премиерот Зоран Заев во вечерашниот ТВ дуел на Канал 5, каде гостуваше заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кажа дека министерството за правда ги нема добиено предлог амандманите за предлог законот за јавно обвинителство.
Имено, Заев посочи дека предлог амандманите на Предлог законот за јавно обвинителство не се испратени во министерството за правда и дека министерката Рената Дескоска истите ги нема добиено.
Мицкоски тврдеше дека предлог амандманите се испратени.
Имено, адвокатот Тони Менкиноски ги има испратено предлог амандманите на Предлог законот за јавно обвинителство, денес во 16:19 часот.