Македонија 22. мај 2020. / 20:19

ВМРО-ДПМНЕ: Полицискиот час требаше да биде ваков и за Велигден!

ВМРО-ДПМНЕ: Полицискиот час требаше да биде ваков и за Велигден!

Од ВМРО-ДПМНЕ ја поздравуваат одлуката викендов да нема целосен полициски час, како што беше случајот викендот на Велигден кога граѓаните мораа да останат затворени во своите домови 85-часови.

Од партијата сметаат дека толку долгото затворање на граѓаните може да предизвика физички и ментални здравствени проблеми кај граѓаните, но претставува и кршење на нивните праваа.

Во однос на одлуката за полициски час ВМРО-ДПМНЕ смета дека ваква слична мерка Владата требаше да донесе и за Велигденските празници. ВМРО-ДПМНЕ смета дека беше грешка што Владата спречи прославување на Велгден. И тогаш и денес сметаме дека таквата строга мерка од повеќедневен полициски час ги нарушува човековите слободи и права, особено што потребно е да се отвори дебата и направи проценка за ефикасноста на превземените мерки, бидејќи и покрај нив бројот на заразени се зголемува – велат од партијата.

За разлика од Велигден, кога имаше 85-часовен карантин, за Рамазан Бајрам полицискиот час ќе биде двојно помал, односно ќе трае 42 часа.

Забраната за движење за сите граѓани на целата територија на Македонија ќе почне в недела во 11 часот и ќе трае до вторник во пет часот. Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19 часот до пет часот наутро.