Македонија 04. декември 2020. / 09:47

ВМРО-ДПМНЕ: Пикот на короната не поминува исто како и неспособноста на Заев и на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: Пикот на короната не поминува исто како и неспособноста на Заев и на Филипче

Пикот на короната не поминува исто како и неспособноста на Заев и Филипче која значи смрт за народот, и неодговорноста на власта ги чини граѓаните здравје и животи, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Во последното деноноќие Македонија бележи нов црн биланс со 1.342 нови заразени и 22 починати лица од КОВИД вирусот. Со ова Македонија достигна до 1.847 жртви и е во земјите црни рекордери на светско ниво по смртност на милион жители. Неспособните Заев, Филипче и изгубениот Ангелов не преземаат никакви мерки да ги заштитат граѓаните, туку само манипулираат со јавноста дека се е под контрола.“, велат од партијата.

Оттаму додаваат дека контролата одамна е изгубена, болниците се преполни, пациентите немаат доволно кислород, за тестирање граѓаните чекаат со денови, а со саати да дојде брза помош. Секојдневните сведоштва на граѓаните ги демантираат лагите на власта.

„Нивните лаги убиваат за жал секој ден и тоа луѓето го плаќаат со своите животи. Оставки и одговорност мора да има, бидејќи епидемијата наречена власт на Заев е подеднакво опасна како и КОВИД вирусот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.