Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека на датумите што ги нуди Зоран Заев за одржување на изборите, петти и осми јули, не е возможно да се одржат изборите затоа што до тогаш нема да може да се организира кредибилна набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР.
ОБСЕ/ОДИХР објави конкурс за оценска мисија (трае до 16. јуни) и најрано може ја да испрати оценската мисија во Македонија до периодот 19-21 јуни и од следниот ден би влегле во изборна кампања. Таа трае три недели што значи дека првиот можен датум за избори би бил 15. јули (на 14. би гласале болните, лицата во самоизолација и постари од 65 години дома). Доколку ОБСЕ/ОДИХР закасни со мисијата, тогаш датумот би бил поместен подоцна. Тоа покажува дека 5. и 8. јули не се датуми за избори, коишто би биле кредибилни инклузивни и фер – посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.