Македонија 01. ноември 2020. / 00:03

ВМРО ДПМНЕ: Ова се чевлите на Зорица Заева кои вредат 900 долари, повеќе од плата на македонски лекар

ВМРО ДПМНЕ: Ова се чевлите на Зорица Заева кои вредат 900 долари, повеќе од плата на македонски лекар

Зоран Заев е на власт и државни позиции цели 18 години. Апослутно владее во Македонија цели 4 години. Ако Македонија има џелат тоа е Зоран Заев, а задолжен за геноцидот за сопствениот народ е Венко Филипче.

Народот очекува оставка, а не приказни за мали деца и бедни оправдувања кои треба да ги сокријат лагите на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова не се фотографии од новото возило на итна помош за кои моли директорот на Струмичката болница.
Ова не се фотографии од новиот клинички центар кој го вети, а не го изгради Зоран Заев.
Ова не е фотомонтажа од Инфективната болница каде гинат луѓе Ова се чевлите на Зорица Заева сопругата на Зоран Заев кои вредат 900 долари, повеќе од плата на македонски лекар.

Ова е фотографија од Бентлито и Мајбахот на Заеви кои вредат колку 10 болнички возила кои ги нема македонското здравство.