Македонија 22. декември 2018. / 09:48

ВМРО-ДПМНЕ: Откако Спасовски е министер, нема месец без вооружена престрелка

ВМРО-ДПМНЕ: Откако Спасовски е министер, нема месец без вооружена престрелка

СДСМ ја зацрни државата, не поминува месец без вооружена престрелка на улиците на Скопје, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат дека на фреквентни локации вооружени банди се пресметуваат, инцидентите завршуваат најчесто со жртви, а жртва може да биде секој еден граѓанин – случаен минувач, а, како што посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение министерот на внтарешни работи Оливер Спасовски не презема ништо во насока на одржување на јавниот ред и мир.

-Откако тој управува со МВР има десетици нерасчистени убиства, а убијците се шетаат слободно. Се пука по улиците, а истовремено неказнето завршуваат стотици грабежи и опожарувања на автомобили.

Наместо решавање на вистинските проблеми Спасовски се фокусираше на делење сомнителни милионски бизниси, лиценци за центрите за возачки испити на фирми формирани неколку дена пред да се распише огласот и целосна партизација на МВР.

Граѓаните сакаат ред и поредок, сакаат безбедност за нив и за нивните деца, родители, браќа и сестри и комшии. Наместо тоа добија насилтво, тепање и политички прогон“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека криминалот на луѓето од власта останал нечепнат, криминалци се пуштаат на слобода додека патриоти се затвораат.

-Незаконски се вршат претреси по домовите и се малтретираат луѓе кои протестираат, велат од опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ преку своето соопштение меѓу другото ги повика граѓаните денеска да се приклучат на протестниот марш денес во Прилеп со почеток 13 часот.