Македонија 05. август 2020. / 22:21

ВМРО-ДПМНЕ ниту потврдува, ниту демантира дека ќе прави влада со ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ ниту потврдува, ниту демантира дека ќе прави влада со ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ работи на формирање ново парламентарно мнозинство, изјави за весникот “КОХА”, Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ работи на формирање на ново парламентарно мнозинство. Ние нема да ги коментираме информациите од непроверени извори, но ниту ќе ги демантираме , рече Арсовски за “КОХА”, зборувајќи за објавената информациа дека ВМРО-ДПМНЕ се согласи со ДУИ за функцијата премиер.