Македонија 19. октомври 2020. / 11:30

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на власта и Комисијата резултира со 834 починати лица

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на власта и Комисијата резултира со 834 починати лица

Владата на Заев заедно со Комисијата за заразни болести потфрлија. Неспособноста на власта и Комисијата резултира со 834 починати лица, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија поради неодговорноста на власта и Комисијата се искачи на првото место во регионот и пошироко по новозаразени и починати од КОВИД-19. Членовите на Комисијата за заразни болести наместо како лекари се поставија како политичари.Болници преполни, здравствен кадар преморен, власта не го дочека претстојниот есенски бран на КОВИД подготвена.Очигледно е дека Владата на Заев нема стратегија. Граѓаните се жртва на неспособноста и неодговорноста на власта.нГраѓаните бараат одговорност, велат од Центар за комуникации за ВМРО-ДПМНЕ.