Радмила Шекеринска, СДСМ и Зоран Заев се лицемерни. Нив не ги интересира здравјето на граѓаните ниту пак економската катастрофа со која што се соочува стопанството во Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Радмила Шекеринска.
Оттаму велат – нив ги интересира само како да го намалат изборниот пораз, нова амнестија на криминалот и дополнително исцрпување на буџетот каде што успеаjа да испумпаат 120 милиони евра за само три месеци.
На изборите кога и да се случат неминовен е поразот на погубните политики на двоецот Зоран Заев и Радмила Шекеринска. Граѓаните јасно гледаат дека власта на Заев е неспособна и неодговорна и крајно лошо ги менаџира последиците од економската и здравствената криза поради корона вирусот, се наведува во реакцијата на партијата.