Македонија 21. април 2020. / 20:30

ВМРО-ДПМНЕ: Наводната помош што ја ветија СДСМ ја искористија едвај 100-тина компании

ВМРО-ДПМНЕ: Наводната помош што ја ветија СДСМ ја искористија едвај 100-тина компании

СДСМ шири лажни вести. Ветија помош за сите фирми, а сега наводната помош ја искористија само 100 тина компании, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Никој не аплицира за таканаречените антикризни мерки на СДСМ затоа што, како што велат од партијата, тие мерки се крајно неповолни и не нудат реална помош.

СДСМ шири лажни вести и кога вели дека лекарите имаат заштитна опрема, а тие се оставени голораки и сами ја купуваат заштитната опрема, затоа и бројот на заболени лекари и медицински сестри е скоро 17% од вкупниот број на заразени, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму повторуваат дека СДСМ од почетокот на кризата шири лажни вести.

„Првин велеа дека има пати во буџетот, па дека дупката е 600 милиони, па 1.2 милијарди, за на крај самиот Заев да излезе и да каже дека би се задолжил и 2 милијарди.

Кај СДСМ имаме само лаги и манипулации на штета на народот“, се вели во соопштението на партијата.