Македонија 11. август 2020. / 09:31

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо справување со корона вирусот Заев и СДСМ само го лажат народот

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо справување со корона вирусот Заев и СДСМ само го лажат народот

Македонија заради неспособноста на Заев е црна дупка во регионот и ризик за цела Европа во однос на ширење на корона вирусот. Наместо справување со корона вирусот Заев и СДСМ само го лажат народот . Зоран Заев и владата предводена од СДСМ зборуваат за победа во борбата против епидемијата со КОВИД-19, но секојдневно се бројат новозаболени и починати, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Додека зборуваат за победа врз корона вирусот им се случи и кластер Геријатрија Скопје, кластер меѓу најранливата категорија на граѓани. Случај за кој мора да има истрага веднаш и резултати од истата. Наместо истрага и одговорност, следи заташкување и лажење на народот. Однесувањето на триото Заев, Спасовски и Филипче говори само за едно дека не се интересираат за здравјето на граѓаните. Триото Заев, Спасовски, Филипче не направи ништо за здравјето на граѓаните во текот на шесте месеци откога е започната епидемијата со корона вирусот. Победата прогласена од владата на СДСМ врз корона вирусот е лажна и постои само во главите на Заев, Спасовски и Филипче, велат од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.