Македонија 01. ноември 2019. / 09:20

ВМРО-ДПМНЕ: Најголемата лага на СДСМ во историјата е дека 500.000 иселени ќе се вратат

ВМРО-ДПМНЕ: Најголемата лага на СДСМ во историјата е дека 500.000 иселени ќе се вратат

СДСМ го зголеми иселувањето. Од Македонија никогаш порано не се иселувале толку граѓани како во последните три години. Ветувањето дека ќе ги вратат 500.000 иселени, се испостави како најголемата лага во историјата на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се наведува дека „Живот за сите“ е најбруталната лага врз сопствениот народ.

Наместо подобар стандард и подобри услови за живот имаме делење на тендери и бизниси на фирми блиски до власта. Власта доделува тендер за хеликоптерски превоз на фирма основана само 24 дена пред да биде распишан огласот и со истото име како и огласот. Власта ќе плаќа по 10.000 евра народни пари на секој петнаесет минути на фирма формирана непосредно пред огласот. Со народни пари ќе се полнат џебовите на врхушката на власт. Македонија не смее да оди повеќе по криминогениот пат на оваа власт. Македонија мора да расчисти со криминалот и корупцијата на Заеви. На 12 април граѓаните ќе им кажат не на Заеви, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.