Оттаму додаваат дека илјадници семејства производители на сливи се доведени на раб на егзистенција.
„Над 20 000 тони сливи скапуваат на нивите и за тоа директен виновник е СДСМ. Откуп на сливи нема, а производителите не се соочиле со ваква безнадежност никогаш до сега. Зоран Заев од опозиција ветуваше дека нема повеќе земјоделците да молат за откуп, туку дека власта ќе донесе откупувачи кои ќе се тепаат кој повеќе да го плати производеното. Сега не само што не се тепаат, туку откуп воопшто нема“, велат од опозициската партија.
Истакнуваат и дека земјоделците се една од најголемите жртви на Зоран Заев, оставени без откуп и пласман за своето производство.