Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека на лидерската средба во вторник ќе настапат со разумни барања и услови за оддржување фер и кредибилни избори каде што ќе се гарантира првенствено здравјето на граѓаните и ќе се создаде слободна и фер атмосфера за нивно оддржување, дознава „Република“ од свои извори од партијата.
Засега од партијата не откриваат кој е датумот за кој сметаат дека е најповолен за спроведување на изборите, но посочуваат дека во тоа најголема улога ќе игра сочувувањето на здравјето на граѓаните.
Во анализите за тајмингот за одржување на изборите клучно е здравјето на граѓаните и тоа е појдовната точка која ќе определи кога истите ќе се оддржат – велат во ВМРО-ДПМНЕ.
Kако што сега стојат работите, состојбата е далеку од нормализирана посочуваат од oпозициската партија.
Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, правел опсежни анализи и консултации по што ќе настапи на лидерската со свои барања и услови од кој ќе зависи времето на оддржување на изборите.
Оттаму не ја кријат загриженоста за здравјето и потенцијалот за лесно распламтнување на корона вирусот. Во однос на тоа, кои точно се барањата, истите за првпат ќе ги соопшти лидерот Мицкоски на лидерската средба.
Од партијата се убедени во убедлива победа и поддршката од народот, но и дека не се потребни избори по цена на здравјето и животите на граѓаните.