Македонија 18. мај 2020. / 14:20

ВМРО-ДПМНЕ на лидерската: Нема услови за брзи избори во време кога се бројат заразени и починати

ВМРО-ДПМНЕ на лидерската: Нема услови за брзи избори во време кога се бројат заразени и починати

На денешната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски, ВМРО ДПМНЕ настапува со јасни позиции, одговорно и принципиелно.

Според нив, апсолутно не може да се зборува дека икма услови за брзи избори во време кога се бројат заразени и починати.

Од партијата истакнуваат дека неделата што измина е една од оние каде во Македонија имало најголем број на новозаразени (170) и починати (10) со што бројката надминува над 100 починати. Од друга страна мислењето на Комисијата за заразни болести кое што го даде е општо, без конкретни заклучоци и не гарантира заштита на здравјето на граѓаните во ситуација на одржување на брзи избори.

Општите препораки кои ги дава комисијата се досега познати и впрочем се применуваат, но отсуствуваат портоколи и дефинирање на условите за избори и нивното оддржување. Нема ниту прецизен одговор од набљудувачката мисија на ОБСЕ чијшто шеф потребно е да биде најмалку 35 дена пред почетокот на изборите. Со што датумите дадени од СДСМ и Заев веќе се прегазени – е ставот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата на денешната лидерска средба ќе понудат свое мислење кој е најдобриот период за оддржување на изборите и тој датум е оддреден како резултат на долги дискусии со здравствени експерти и епидемиолози.

Како штоистакнуваат од шпартијата, главната цел на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде заштита на здравјето на граѓаните и одржување кредибилни избори.