Македонија 16. ноември 2020. / 10:35

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче и Заев помили им беа тендерите отколку заштита на здравјето на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче и Заев помили им беа тендерите отколку заштита на здравјето на граѓаните

Филипче сам ветуваше дека до крајот на август ќе има 16 монтажни болници кои ќе помогнат во справување со КОВИД-19. Но на Филипче и Заев помили им беа тендерите отколку заштита на здравјето на граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

Здравствениот систем поради неспособноста на Заев и Филипче е колабиран. Денес здравствениот систем се соочува со недостиг на заштитна опрема, недостаток на место, имаме исцрпени медицински лица, а граѓани умираат на пат до болница или во ходници, се наведува во партиската реакција.

Оттаму додаваат дека се почести се апелите за помош и собирање донации, по социјалните мрежи, за своите најблиски да ги лечат во приватните установи. Граѓани се заглавуваат во кредити, за да најдат лек во приватно здравство.

Филипче, како министер, не решава проблеми затоа што тој е проблемот. Токму затоа, Филипче веднаш треба да понесе одговорност!, смета ВМРО-ДПМНЕ.