Зоран Заев и СДСМ и на денот на смртта на Гоце Делчев го негираат неговиот македонски идентитет, а тоа се потврдува со тоа што Заев се уште молчи за бугарскиот документ во кој се бара Македонците да се откажат од својот јазик.
„На денот кога бележиме 117 години од смртта на Гоце Делчев, Заев и СДСМ го негираат неговиот македонски идентитет.
Заев се уште молчи во однос на бугарскиот документ со кој ние го губиме јазикот и се откажуваме од нашите корени.
Заев и СДСМ се откажаа од Гоце Делчев и сите негови соборци и продолжувачи на неговата идеја.
Заев и СДСМ се откажаа од државата Македонија.
Македонскиот јазик кој е официјално признаен јазик од страна на ОН, сега со помош на Заев е оспорен и е предмет на договарање.
Заев и даде алатка во рацете на Бугарија да не закочи на секој чекор кон ЕУ, доколку не се откажеме од нашиот јазик и нашите корени.
СДСМ систематски ја урива Македонија. Разнебитувањето на државата мора да запре“ – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.