ВМРО-ДПМНЕ на 16 февруари на конвенција ќе бира кандидат за претседател на државата пишува во интегралниот текст од изјавата за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, која ви ја пренесуваме во целост.
На седницата на Извршниот Комитет разговаравме за две точки. Првата точка е актуелната економска и политичка ситуација во Република Македонија каде што ги констатиравме сите оние промашувања од страна на владата на СДСМ предводена од Зоран Заев. Подетално ќе разговараме на седницата на Централниот Комитет на партијата, но исто така го утврдивме и гантограмот на активности кој што ќе следува во периодот, а тој се однесува на избор практично на претседателски кандидат кој што ќе ја добие поддршката на ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски избори, кој што треба да кулминира со, се разбира изборна конвенција која што ќе се одржи на 16 февруари 2019 година, пишува во интегралниот текст од изјавата за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.